четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 88
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се плаши од предвремени избори и постојано лаже, како што лажеше дека никогаш не кажал дека Вучиќ е националист, ова видео го демантира

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се плаши од предвремени избори и постојано лаже, како што лажеше дека никогаш не кажал дека Вучиќ е националист, ова видео го демантира

Зоран Заев се плаши од избори, затоа што знае дека ќе ги загуби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со тешки лаги и манипулации се труди да ја задржи фотелјата. И секој ден му е купување на време. Денес нема човек кој збори добро за владата и е задоволен од нејзините постигнувања. Затоа Заев постојано се натпреварува во тоа како да излаже,

Како на пример онаа лага која ја соопшти денес дека никогаш не кажал дека претседателот на Република Србија Александар Вучиќ е националист.

На 02 мај 2017-та година Заев изјави Вучиќ е националист.

Денес на прес конференција отворено лаже викајќи дека никогаш не рекол дека претседателот на Србија Вучиќ е националист.

Заев нема проблем со лажењето, има проблем со вистината. Овие изјави накратко се опис за неговото владеење кое заврши со најкорумпиран хибриден режим во Европа, економија во рецесија и земја која секој ден е се подалеку од Европската Унија.

Заев ќе падне на предвремени избори и тројанците во опозицијата нема да му помогнат во задржувањето на премиерското столче“, велат од партијата.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија