понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 28
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се колнеше во своите предци дека нема да го промени името, а потоа експресно и срамно се откажа од името, нацијата, идентитетот, и македонското малцинство

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се колнеше во своите предци дека нема да го промени името, а потоа експресно и срамно се откажа од името, нацијата, идентитетот, и македонското малцинство

Срамно е да се тврди дека промената на Уставот, името, идентитетот и јазикот претставува патриотски чин. Договорот со Грција претставува класична капитулација, договорот ја обесчестува Република Македонија и нејзините граѓани, стои во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението на СДСМ.

Според партијата, Заев се колнеше во своите предци дека нема да го промени името, а потоа експресно и срамно се откажа од името, нацијата, идентитетот, и македонското малцинство. „Лагите на СДСМ и Заев се разобличени и во недостатокот на аргументи сите бевме сведоци на класични навреди кои Заев ги упати кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ изминативе година дена владее кршејќи ги законите, деловникот, Уставот и процедурите. СДСМ со потпишување на договорот го прекрши Уставот, а најавува и ново повторно кршење на Уставот и процедурите“, се вели во соопштението.

Партијата смета дека Џафери и Костовски најавија дека ќе ги објават во Службен весник без потпис од претседателот Иванов, законите за ратификација на срамниот Договор помеѓу Република Македонија и Грција, а истовремено и законот за јазици, со што повторно ќе го прекршат законот и Уставот.

-Доколку Џафери и Костовски го сторат планираното со само еден од законите, им се заканува затворска казна од најмалку пет ипол години за злоупотреба на службена должност. Ова кривично дело е дело кое што никогаш не застарува. Функционерите на власта мораат да го почитуваат законот и да работат во согласност со него, а доколку не работат во согласност со законите ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите правни можности, за оние кои работат своеволно да бидат соодветно казнети. Доколку Џафери и Костовски не работат согласно со законот и волјата на граѓаните им се заканува казна од 11 години затвор, се додава во соопштението.

Коронавирус