сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да ја избрише Република Македонија и нејзината историја

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да ја избрише Република Македонија и нејзината историја

Зоран Заев сака да ја избрише Република Mакедонија, нејзината историја, традиција и култура. Зоран Заев сака да го поништи македонскиот идентитет. Затоа ги крие од народот амандманите со кои планира да го менува Уставот, а очекува од граѓаните да излезат и самите да гласаат за да си се поништат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев без срам ги лаже и манипулира граѓаните. Со упорното криење на амандманите едноставно Заев и СДСМ сакаат во заблуда да го донесат народот да не знаат за што гласаат. Време е Заев да излезе и да одговори на народот, што ќе се случи со Уставот. Во цела низа на членови во Договорот со Грција точно се прецизира бришењето на идентитетот – од тоа како ќе биде новото име, промена на Устав, документи, како треба да гласи второто име, како ќе се преименуваат институциите и како ќе гласи националноста и државјанството, се вели во соопштението.

ОД ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Заев треба да сфати дека станува збор за менување името на држава преку промена на највисокиот правен акт Уставот, а не се менува име на некоја од неговите фирми.

-Република Македонија не е сопственост на Зоран и Вице Заеви. Сите кои што не се согласуваат со срамните постапки на СДСМ и Заев кои ги прифаќаат само за да го покрие сопствениот криминал, Ги повикуваме да ни се придружат на протестен марш во недела со почеток во 13:00 часот пред црквата Св. Никола во Штип, потенцираат од партијата.

Коронавирус