сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 5
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев противправно го узурпира мандатот, а соучесник во кршење на Уставот е и Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ: Заев противправно го узурпира мандатот, а соучесник во кршење на Уставот е и Пендаровски

Зоран Заев во негова корист продолжува со кршење на  Уставот. СДСМ и Заев продолжуваат на неславната пракса на кршење на Уставот, при што сега активен учесник е и Пендаровски, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ваквото узурпирање на мандатот е со цел да се добие дополнително време во кое претседателот на СДСМ, кој инаку самиот признава дека нема мнозинство ќе ги искористи овие 20 дена да прави непринципиелен и нехуман притисок и уцени врз пратеници за да обезбеди мнозинство во парламентот. Уставот е јасен, потребен е доказ за поседување на мнозинство врз основа на кој се доделува мандатот. Се друго е кршење на Уставот, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека сега после изборите народот ја гледа сметката од неспособното владеење на Заев.

-Сега граѓаните плаќаат 7,5% повисоки сметки за струја, пропаѓа банка, цената за откуп на грозје е катастрофална, излезе на виделина дека долгот пораснал за 1 милијарда евра за три месеци. Македонија е меѓународна опасност за ширење на корона вирусот, се нема конечен план како ќе се спроведува образовниот процес и редица други неуспеси кои ги донесе власта на Заев. Македонија со Заев продолжува да пропаѓа и тоа мора да престане, порачуваат од партијата.

Коронавирус