петок, 7. мај 2021. Вести денес: 78
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува со нечовечкото однесување и поигрување со судбините на семејствата на свирепо убиените

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Зоран Заев мора да запре со прикривањето на докази и  да се тргне од патот на правдата.
ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува со нечовечкото однесување и поигрување со судбините на семејствата на свирепо убиените

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на семејствата на терористите дојдени од Косово во Диво Насеље им додели финансиска помош, а косовските правосудни органи одлучија да не и ги екстрадираат на Македонија Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, осудени на доживотна казна затвор за масакрот кај Смилковско езеро, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев на семејствата на брутално егзекутираните момчиња на Велики четврток им ја вети вистината, а сега ги крие информациите со кого од неговата коалиција контактирале убијците. Заев додека го дегустираше своето вино во опуштена атмосфера со Харадинај, ниту еднаш не помисли на семејствата на жртвите од случајот Монструм и не се обиде да го искористи својот авторитет кај неговиот колега Харадинај за екстрадиција на убијците во бегство Демири и Исмаиловиќ. Заев продолжува со нечовечкото однесување и поигрување со судбините на семејствата на свирепо убиените деца кај Смилковското езеро. Со месеци и тој бесрамно ги лажеше и манипулираше семејствата на жртвите на масакарот. СДСМ и Зоран Заев го искористија на најсрамен начин за собирање на политички поени овој грозоморен настан. Пред изборите ги лажеше родителите на убиените како и целата македонска јавноста дека ќе ја соопшти вистината за Смилковското езеро. Сега кога седна во премиерската фотелја Заев ги заборави своите ветувања. Сега тој срамно ја крие вистината, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Зоран Заев мора да запре со прикривањето на докази и  да се тргне од патот на правдата.

-Единствено нешто што се промени  со случајот „Монструм“ откако Заев е премиер е тоа што обвинетите се најдоа на слобода токму како што предвидуваше тиранската платформа. Власта сите лаги и манипулации на СДСМ и Заев, очајнички се обидува да ги прикрие со нови лаги и монтирани обвиненија против оние кои први предупредија кое е вистинското негово лице. Уставобранителите кои се обидоа да ги заштитат македонските национални интереси и први застанаа против Тиранската платформа и антидржавните политики на СДСМ и Заев први се најдоа на мета на оваа власт. Патриотите кои застана во одбрана на државата мора да бидат ослободени. Додека вистински терористи се наоѓаат на слобода, уметници, глумци и интелектуалци само поради својата љубов кон татковината се наоѓаат во притвор. Обвинителството мора да почне да се бави со гонење на вистинските криминалци и да го разреши случајот ,,Монструм’’. Судот мора да се ослободи од стегите на власта, а судиите да најдат доблест наместо политика да спроведуваат правда. Заев мора да си замине од власт за да профункционира правдата, се наведува во партиското соопштение.

Најнови вести

Коронавирус