понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 108
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев планира избори, a се зголемува бројот на нови заболени

ВМРО-ДПМНЕ: Заев планира избори, a се зголемува бројот на нови заболени

Додека во регионот епидемијата од корона вирусот драстично се намалува, кај нас процесот е обратен. Хрватска и Албанија бележат по 2 нови случаи, Словенија нема ни еден, а во Македонија бројот на новозаразени се искачи на 40 и дополнително еден почина, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од партиското соопштение

Ако ваквите податоци за Заев, Филипче и СДСМ се успешно справување со епидемијата, тогаш јасно е зошто народот е во страв и паника. Тие наместо да водат политика и да тераат ситни партиски интереси, треба да преземаат конкретни здравствени мерки со цел да се заштити здравјето и животите на граѓаните.

Македонија веќе е на самиот врв во регионот по смртност на милион жители, исто како и по број на заразени на еден милион жители, а речиси на самото дно по број на тестирања.

Пред Заев, Филипче и СДСМ да тераат политика и да брзаат на избори за да го ублажат својот пораз, треба да спроведат повеќе тестирања и масовен скрининг на населението, за да се открие вистинската епидемиолошка слика и врз основа на тоа да се планираат епидемиолошки мерки, но и избори и датуми. Живото и здравјето на граѓаните е врвен приоритет. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, кога и да се одржат изборите, но прво Македонија треба да ја победи корона епидемијата, а потоа да го победи и Зоран Заев и СДСМ на фер, демократки и кредибилни избори.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ.

Со СДСМ и Зоран Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

 

Коронавирус