петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 87
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Пендаровски и СДСМ се промотори и заштитници на криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Пендаровски и СДСМ се промотори и заштитници на криминалот

Зоран Заев, Стево Пендаровски и СДСМ се промотори и заштитници на криминалот. Зоран Заев е единствениот политичар три пати аболициран за криминал, а Пендаровски единствениот кандидат кој што јавно признава дека е 102,5% ист со аболицирани криминалци. Затоа партијата привлекува на митинзи луѓе како Бајруш Сејдиу кои во првите редови најдобро ја одразуваат политиката што ја промовираат Пендаровски и Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Лицемерно е СДСМ,  партијата која направи селективна амнестија  да зборува за настаните од 27-ми април.  На партиски собир за Стево Пендаровски, видовме како лице се закануваше дека со пиштол ќе упадне во ДИК и притоа ниту Пендаровски, а ниту безбедносните служби  не реагираа. Со СДСМ на власт криминалот  и насилниците царуваат со улиците, имаме бројни нерасчистени убиства и секојдневни мафијашки пресметки во центарот на Скопје, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат: Стево Пендаровски и Зоран Заев се иста паричка со лице и опачина, а тоа го призна и самиот Пендаровски кој рече дека 102,5% е ист како Заев.

-Гласот за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев и сите негови криминали и матни зделки. Глас за Пендаровски е глас за слобода на над 800 криминалци пуштени од затворите кои слободно дивеат по улиците, слобода за убијците на децата од Смилковско и минимални казни затвор за  терористи од ИСИС кои убивале и масакрирале илјадници невини луѓе. На Македонија и е потребна правда и заштита на Уставот и законите. Тоа единствено ќе се случи доколку на 21-ви април и на 5-ти мај победи професорката Гордана Сиљановска Давкова.  Татковината повикува, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.