понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 149
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев пак ги излажа лозарите, грозјето се откупува по мизерни цени или завршува на буниште

ВМРО-ДПМНЕ: Заев пак ги излажа лозарите, грозјето се откупува по мизерни цени или завршува на буниште

Зоран Заев пак ги излажа лозарите. Тој пред неколку дена ги убедуваше и нив и јавноста дека проблемот со откупот е решен, а реалноста вели дека лозарите своето грозје го продаваат по мизерни цени, а дел веќе се фрла и на буништата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овде не се работи само за нови лаги на Заев, тоа е веќе вообичаено. Овде се работи за целосно неспособна мафијашка власт, која наместо за проблемите на граѓаните се грижи само за своето лично богатење и криминал. Грозјето се откупува по цена од 6 до 7 денари по килограм, што нема никаква економска исплатливост, бидејќи таа цена не ги покрива ниту основните трошоци за производство. Земјоделците се оставени без заштита од државата и се доведени до работ на егзистенција, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека ова е само уште една потврда дека криминалната и неодговорна власт на Заев нема никаква стратегија ниту план. За три месеци го зголемија долгот на државата за една милијарда евра, остана без работа над 40 илјади работници поради погрешните политики, а сега гледаме дека и без пари за својот труд ќе останат илјадници семејства во Тиквешијата.

-Затоа народот осиромашува, додека мафијата на власт се богати. Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус