четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 136
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ и денес протестира, блокада на три раскрсници, Влада, МНР и министерство за правда

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не може да се справи со кризата, неговите експерименти скапо чинат

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не може да се справи со кризата, неговите експерименти скапо чинат

Македонија поради лажната нормалност на Зоран Заев и СДСМ стана црн рекордер во регионот по смртност и заразеност од корона вирусот на милион жители. Поради нивната неспособност во Македонија никој веќе не знае дали сме во втор или трет бран, од проста причина што месец дена бројот на заразени секој ден е троцифрен, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Последните бројки говорат дека за едно деноноќие има 137 нови случаи и 10 починати. Црните бројки ближат до 10 илјади, што е 5 пати повеќе од прогнозите на Филипче додека неговата партија на терен вршеше предизборен поткуп. Ова што се случува е катастрофа и здравствена и економска. Премногу скапо чини неодговорната  власт на Заев. Ниту граѓаните, ниту економијата нема сила да се справува со експериментите на Заев и СДСМ, бидејќи покажаа дека ниту знаат, ниту можат да се справуваат со целата криза. Секој живот и секое работно место е важно да се спаси и тоа може да се направи само ако Заев не е на власт во Македонија, стои во нивното соопштение до јавноста.

Коронавирус