среда, 21. април 2021. Вести денес: 170
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев направи циркуз, никој не верува дека како резултат на истрагата му паднала температурата на Мијалков

ВМРО-ДПМНЕ: Заев направи циркуз, никој не верува дека како резултат на истрагата му паднала температурата на Мијалков
МИА

Заев направи циркуз, никој не верува дека како резултат на истрагата на Заев му паднала температурата на Мијалков, мафија на робија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека бурната реакција на народот спречи Мијалков да избега, Спасовски да си поднесе оставка веднаш.

-Мијалков и Заев направија циркуз од цела држава. Да не беше реакцијата од јавноста Мијалков немаше да се пријави во ЈО. Спасовски ва дена не можеше да го лоцира Мијалков и системот целосно потфрли. Потребна е одговорност. Тоа што Мијалков побегна пред очите на полицијата говори дека тој имал информации за нејзиното движење кои може само да ги има врвот на власта Спасовски и Заев. Јасно се гледа коалицијата Зоран – Вице – Сашо. Македонија е заробена од овие криминалци и потребни се итни оставки. Очекуваме партиите во парламентот да се одважат и да му се изгласа интерпелација на Спасовски, а подоцна и да се формира експертска влада за организирање на избори локални и парламентарни.
Заев не смее да продолжи да ја резили државата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус