петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев намали со нервозата, не е работата ВМРО-ДПМНЕ да е спокојно туку да нема фалсификат попис

ВМРО-ДПМНЕ: Заев намали со нервозата, не е работата ВМРО-ДПМНЕ да е спокојно туку  да нема фалсификат попис

Заев да намали со нервозата, кога прави штетни работи за државата нормално е дека ќе буде фатен.Не е работата опозицијата да биде спокојна, туку да нема фалсификат каков што спрема Заев, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев сака да спроведе попис без поширока консултација на јавноста и без да ги прифати предлозите на опозицијата. Според начинот на Заев Македонија ќе преброи 3 милиона жители. Без примена а терминали за отисок од прст не може да се утврди реалната слика, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пописот е есенцијална статистичка операција и е важен за државата Заев не смее да го спроведува на принципот на талибански избори, како што тераше до сега. Талибански попис ВМРО-ДПМНЕ нема да признае, додаваат таму.

Најнови вести

Коронавирус