недела, 11. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев најавува ново задолжување од 700 милиони евра, јавниот долг ќе надмине 7 милијарди

ВМРО-ДПМНЕ: Заев најавува ново задолжување од 700 милиони евра, јавниот долг ќе надмине 7 милијарди

Владата најавува ново задолжување преку еврообврзница од 700 милиони евра. Овие пари власта ќе ги позајми пред изборите со што се спрема за нов поткуп, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев со ова задолжување ќе го задолжи секој еден граѓанин со нови 22.000 денари.

Со ова вкупниот долг ќе достигне 7 милијарди евра од кои скоро 3 милијарди евра се задолжени во последните 4 години.

Владата вели дека кризата поминала, а од друга страна се задолжува без усул.

Доколку економијата е стабилна и кризата е помината, тогаш зошто ќе зема ново 700 милиони евра, ако не само за поткуп пред избори?

Зоран Заев треба да и објасни на македонската јавност каде ги потроши 2 милијарди евра за кои се задолжи во изминатата година дена, како и каде ќе ги потроши овие 700 милиони евра.

Зорам Заев мора да знае дека по промената на власта ќе има детална истрага каде, како и за што биле трошени парите на граѓаните, кои треба да се враќаат во следните 10, 15 или 20 години.

Одговорност ќе има, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус