среда, 28. јули 2021. Вести денес: 111
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев лета хеликоптер, Николовски путерот се одмора во Дубаи, а за овчарот од кратовско, кој загуби живот немаше ниту болничко возило

ВМРО-ДПМНЕ: Заев лета хеликоптер, Николовски путерот се одмора во Дубаи, а за овчарот од кратовско, кој загуби живот немаше ниту болничко возило

Заев лета хеликоптер, Николовски путерот се одмора во Дубаи, а за Златко Божиновски, овчарот, кој загуби живот немаше ниту болничко возило. Оваа власт со сите нејзини претставници е целосно забегана и одлепена од реалноста, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот трулеж на системот исплива на површина. Власта е неспособна и неорганизирана. Луѓе умираат затоа што нема кој да ја организира државната управа.

Доколку имаше возило или хеликоптер за Златко Божиновски кој почина откако доктор го носеше 5 часа на раце низ планина, тој денеска можеше да биде жив. Неколку часа порано во болница можеби ќе го спасеа неговиот живот.

И по неговата смрт, институциите си ја префрлаат топката, а Филипче кој не успеа да спаси еден човечки живот, без срам уште ја извршува функцијата министер.

Што треба уште да се случи за Филипче да си даде оставка? Уште колку наши сограѓани треба да умрат? Уште колку? Срамота!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус