вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев лажно ветуваше европска, а сега нуди Мини шенген Македонија – Мини Шенген не е алтернатива на ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: Заев лажно ветуваше европска, а сега нуди Мини шенген Македонија – Мини Шенген не е алтернатива на ЕУ

Зоран Заев ги излажа граѓаните. Им ветуваше европска Македонија, а сега нуди Мини шенген Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мини шенген не може и не смее да биде алтернатива на членството во Европската Унија.

Македонија припаѓа на широкото европско семејство на држави и ваквите обиди на Заев да прикаже една мултилатерална соработка на балканските држави како огромен дипломатски успех е всушност дипломатски неуспех да се постигне целта членство во ЕУ.

Очигледно дека освен неуспесите на домашен план, власта на Заев се соочува со пораз и на меѓународен план. Четири години безочно ги лажеше граѓаните за македонските евроинтеграции, бараше алиби и виновници во други, за сега да заврши во Мини шенген.

Македонија стана заложник на криминалот и корупцијата на Заев и неговата неодговорна политика и се дури е Заев власт, Македонија нема европска иднина. Четири години власт на Заев се четири украдени и упропастени години за граѓаните, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус