четврток, 4. јуни 2020. Вести денес: 141
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе одговара за целата неправда која ја нанесе во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе одговара за целата неправда која ја нанесе во државата

Зоран Заев е на чело на рекетарската банда која три години ја пустошеше македонската држава, ова денеска го потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ преку нивно соопштение до јавноста.

-Зоран Заев го уништи правниот систем во државата. Тој од позицијата премиер диктирал одлуки на Врховниот суд и Катица Јанева која како тогашен прв човек на СЈО работела во координација и по наредба на Заев. На овој начин Заев ја фрли државата во бездна. За ова Заев мора да одговара за злоупотребата на службената положба. Мора да одговара пред правдата. Обвинителството треба да го повика Заев на распит за снимката која се појави во јавноста каде јасно се слуша дека тој нарачувал пресуди, а не да го штити и крие. Наместо со право, Русковска се бавеше со политика. Самата се пофали дека присуствувала на протести организирани од СДСМ. Во судница сега прави се само да не се открие кој е главата на октоподот, потенцираат од партијата.

Од таму додаваат дека главна мисија на Рускоска е имињата на Зоран и Вице Заев да не се слушнат во судница, да не бидат повикани на распит и да не завршат зад решетки.

-По 12 Април Македонија повторно ќе биде правна држава. Сите оние кои се огрешиле пред законот и оние кои наместо да ги гонат криминалците се ставија во одбрана на криминалот ќе одговараат, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус