петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 88
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев кажа дека Бугарите сакале да бидат таткото, тогаш прашањето е што бара Заев се уште на преговарачка маса, треба да ги прекине разговорите

ВМРО-ДПМНЕ: Заев кажа дека Бугарите сакале да бидат таткото, тогаш прашањето е што бара Заев се уште на преговарачка маса, треба да ги прекине разговорите

Ако за Заев Бугарите се таткото и ако цената е исполнување на хегемонистички апетити, тогаш веднаш да се прекинат разговорите со Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Заев кажа дека Бугарите сакале да бидат таткото, тогаш прашањето е што бара Заев сеуште на преговарачка маса.

-Кој е демантот на владата за да ги разубеди Бугарите дека грешат и да посочи владата на Заев до каде се македонските црвени линии. Заев целосно потфрла и се однесува како длабоко уценет човек. Зоран Заев треба да престане да се однесува незрело и да игра по нотите на Бугарија. Во исти ден да кажува дека се ослободители и окупатори. Кажува дека тие биле таткото и дека бараат откажување од идентитетот. Ако цената е идентитетот Заев треба да ги прекине разговорите и да го напушти договорот со кој ја отвори пандорината кутија на големобугарските барања. Или тие ќе се повлечат од ние нивни хегемониски барања или ние како држава треба да го напуштиме овој договор бидејќи очигледно претставува сериозна пречка за да земјата стане членка на ЕУ, стои во соопштението на партијата.

Коронавирус