четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 98
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја лаже ЕУ, зборува за европски вредности, а зад превезот на евроинтеграциска кампања прави милионски криминал

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја лаже ЕУ, зборува за европски вредности, а зад превезот на евроинтеграциска кампања прави милионски криминал

Лицемерно е Зоран Заев, човекот што бега  од дебата да зборува за европски вредности. Дебатата  е највисок дострел на демократијата, фактот што Заев бега е доказ дека истиот е лажен  демократ, но и дека нема аргументи да го одбрани капитулантскиот договор со Грција, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Зоран Заев во ЕП.

-Дрско и безобразно е да се зборува за европски вредности од Европскиот парламент, а во суштина во сопствена држава да правиш криминал, поддржуваш непотизам и пропагираш подмитување на гласачи како нормална пракса. Заев ја лаже цела ЕУ. Заев треба да и каже дека откако е дојден на власт државата тоне во криминал, се вели во реакцијата.

Од партијава наведуваат дека Заев лаже во Европскиот парламент бидејќи:

– Барање мито по принципот  „Едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ за да изврши работа  која е должен да ја изврши е криминал, а не европска вредност.

– Закани на градоначалник кон учителки, родители и деца е криминал, а не е европска вредност.

– Давање тендери од ќерка  директор на татко бизнисмен е судир на интереси, а не европска вредност.

– Доделување милионска набавка на возила за МВР на фирма финансиер  на  СДСМ е криминал, а не европска вредност.

– Давање милионски бизнис на ново формирани фирми од страна на луѓе блиски до власта, декласирајќи фирми со децениско искуство, фрла сомнеж за криминал и не е европска вредност.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Заев го руши угледот на  ЕУ во Република Македонија.

-Заев  ја  злоупотребува евтоатлантската интеграција на државата за  правдање на штетниот и капитулантски договор со Грција. Граѓаните се за ЕУ и НАТО, но не  и за штетниот договор со Грција. Заев треба  да престане да манипулира и лаже. Заев треба да  си замине пред последиците од неговото штетно владеење да бидат ненадоместливи по иднината на државата, се наведува во соопштението од партијата.

Коронавирус