сабота, 10. април 2021. Вести денес: 72
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски овозможиле балкански нарко-босови да се стекнат со македонски пасоши и документи

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски овозможиле балкански нарко-босови да се стекнат со македонски пасоши и документи

Заев и Спасовски овозможиле балкански нарко – босови да се стекнат со македонски пасоши и документи. Документите кои дојдоа до нас докажуваат дека Седат Пекер од Турција, кој беше протеран од Македонија, три дена после тоа се појавил во полициската станица во Драчево и се сликал за македонски пасош, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат како влегол повторно Пекер и кој му овозможил да се стекне со пасош на туѓо име, со неговото лице Спасовски и Заев треба веднаш да кажат.

-Пекер е најголем нарко-бос во Турција и е гонет од турските власти. Со македонска патна исправа се стекнал и Јован Вукотиќ, лидер на Шкаљарскиот клан. Врвот на власта му овозможила на него да стекне сл. македонски пасош. Тоа е докажано, откако тој бил фатен во Турција со истиот и екстрадиран во Србија, по што е поткрената постапка против него. Вукотиќ е вмешан во трговија со кокаин и друг вид нелегална трговија. Спасовски најпрвин треба да даде одговори како Седат Пекер и Јован Вукотиќ добиле македонски пасоши, а потоа и да си даде оставка, како ќе може ЈО да отвори истрага против него, но и Зоран Заев, се наведува во партиското соопштение.

Коронавирус