понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 101
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ не може да бидат лекот за спречување на заразата, неопходни се оставки

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ не може да бидат лекот за спречување на заразата, неопходни се оставки

Изворот на заразата лажни вести е СДСМ. Заев и СДСМ не може да бидат лекот за спречување на заразата, неопходни се оставки, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува партиската реакција:

СДСМ е политичка партија која затскривајќи ги лошите и грешни политики, шири лажни вести со цел да им замачка очи на граѓаните.

СДСМ е партија која на крајно некоректен начин лажеше дека Република Македонија ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ во април, па потоа во мај, па ноември, па во декември, а во реалноста датумот го нема и наместо него Македонија доби вето.

На граѓаните им е јасно дека ова е најлошата и најнеспособната политичка гарнитура на чело со Зоран Заев и СДСМ која што некогаш ја водела државата. Секогаш кога СДСМ е на власт државата се соочува со економски колапс, затворени фабрики, пропаднати бизниси и криминални афери.

Граѓаните не паметат дека СДСМ некогаш нешто направила или изградила, туку секогаш сведочи на расипничко и недомаќинско работење со нивните пари. Згора на тоа, покрај тоа што СДСМ непродуктивно ги троши парите на граѓаните, лаже и измислува проекти преку кои само го затскрива крадењето кое интензивно го спроведува.

СДСМ е ширач на лаги и манипулации.

Како никогаш досега, власта го стега обрачот околу медиумите во државата и им дава поддршка само на оние медиуми кои што работат во полза на власта и Зоран Заев. Сите останати медиуми се држат во страв и неизвесност, а дел од нив веќе имаат и директни закани. Тоа е вистинското лице на СДСМ.

Зоран Заев јавно во своите обраќања на митинзите велеше дека ќе се бори за слобода на говор и слободни медиуми, а сега јавноста може сама да се увери во спротивното, односно во прогонот на новинарите и медиумите.

Само во Република Македонија новинарите се соочуваат со драконски казни за пишан збор. Тоа е класична диктатура.

Со СДСМ и Зоран Заев нема слобода ниту за медиумите и новинарите, ниту за граѓаните на Република Македонија.

Заев, оди си!

Македонија заслужува многу повеќе!

Коронавирус