петок, 4. декември 2020. Вести денес: 30
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и на Илинден без срам ја погази жртвата на илјадниците македонски херои

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и на Илинден без срам ја погази жртвата на илјадниците македонски херои

Зоран Заев денес повторно бесрамно ја лажеше јавноста со истите лаги за штетниот и капитулантски договор со Грција, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на говорот на Заев: 

Тој дури и на големиот празник Илинден без срам и перде ја погази жртвата на илјадниците македонски херои кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија. Зборува за македонската историја, истата онаа која комисиски ќе ја ревидира. Зборува за македонскиот идентитет кој го менува. Зборува за македонски јазик кој го сведе на уставна категорија со дообјаснување, а не како реалност признаена од светот пред неколку децении. Зборува за иднина на Република Македонија, а планира да го промени името во Северна Македонија за ерга омнес.

Овој човек нема образ.

Само пред месец дена се колнеше во Илинденска Македонија, само пред година дена се колнеше во своите деца и претци дека нема да го промени уставното име, за сега да се колне во АСНОМ и Илинденското востание кои прашање на време е кога ќе ги избрише како темел на македонската државност.

Слободата и човечките правдини биле идеалот на Илинден и во 1903 и во 1944 година. Илинденците чија што борба е за човечки правдини се бореле токму против луѓе со карактерни особини како Зоран Заев и истите биле ставани на столбот на страмот

Иднината на овој народ се гради со дела, со многу труд, реформи и работа, а не со продавање на националните и државни интереси. Европа е семејство на рамноправни народи и држави, на партнери со достоинство и меѓусебно почитување. Во Европа се почитуваат вредностите на демократијата, човечките права и правото и ние веруваме и се залагаме за тоа. За жал криминалниот картел на власт во Македонија тоа не го разбира и ја злоупотребува Европа за да гази по Уставот и законите кои се основа на правото, да прогонува и да и се заканува на својот народ, да ја крши кичмата и да го гази достоинството на Република Македонија. Зоран Заев ниту е лицето на Европа во Македонија, ниту ги преставува европските вредности.

Коронавирус