вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 182
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и министрите на плажа, а народот сам се бори против пожарите

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и министрите на плажа, а народот сам се бори против пожарите

Македонија се соочува со катастрофа, загрозени се села и градови, горат илјадници хектари шуми, загрозени се животи и имоти на граѓаните, а Заев и министрите се на одмор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува дека власта на Заев е ненародна, но ова веќе е бесрамно.

-Граѓаните се оставени сами да се борат со огнените стихии, додека половина влада вклучително и Заев уживаат на плажа. Три дена нема трага и глас од Зоран Заев. Неговата власт е одговорна што две години скапуваат во хангари авионите за гаснење на пожар без сервис. Неговата власт е виновна што надлежните институции не реагираа навреме пред пожарите да ескалираат. Се трошат пари за мебел, службени возила, повисоки хонорари и партиски вработувања, наместо да се обнови и зајакне капацитетот кој треба да ги штити граѓаните од пожари, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Веќе никој не бара одговори од Заев, веќе од Заев и оваа власт се бара одговорност.

Локални избори 2021