петок, 14. мај 2021. Вести денес: 146
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и криминалниот кaртел во власта за 11 месеци од Македонија направија најкорумпирана држава во Европа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и криминалниот кaртел во власта за 11 месеци од Македонија направија најкорумпирана држава во Европа

СДСМ ветуваше дека за 6 месеци ќе ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО, а за 11 месеци не однесе на дното на листата на „Транспаренси Интернешнл“ за перцепција на корупцијата. Заев и криминалниот кaртел во власта за 11 месеци од Република Македонија направија најкорумпирана држава во Европа со катастрофален пад од 17 места на листата Транспаренси. Сега од 90, Македонија благодарение на СДСМ падна на 107 место, каде на листата пред нас се држави од т.н. трет свет како Етиопија, Танзанија и Замбија, ова преку соопштение го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-11 месеци Влада на СДСМ се 11 месеци скандали. Заеднички именител на сите овие скандали е Заев и неговите соработници, од една страна и нивната неказнивост од друга. Истрага и правна разрешница сеуште нема за ниту еден коруптивен случај. Анѓушев го третира ЕЛЕМ како своја сопственост, бунар без дно кој може да помогне за да ги отплаќа милионските долгови. Вицепремиерот доаѓа на функција со долгови од 26 милиони евра кои мора да ги враќа. Веднаш по доаѓањето на Кочо Анѓушев на функцијата вицепремиер, неговата фирма „Фероинвест“ доби тендер во висина од 2.6 милиони евра од државната фирма ЕЛЕМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Владата во ЕЛЕМ гледа и агенција за вработувања на децата на владините функционери. Според СДСМ нема подобар кадар за ангажман во ЕЛЕМ од ќерката на пратеникот, Талат Џафери и советникот во министерството за култура, Мирослав Грчев.

-Во обид владата на СДСМ да ги сокрие своите криминали, непотизам и корупција, со нарачани обвиненија ја дефокусира јавноста преку монтирани случаи. Обвинителството штанца обвиненија по нарачка на Заев со цел пресметка со неговите политички противници. СДСМ од Македонија направи единствена држава во Европа каде во 21 век сеуште има политички затвореници, што е главен индикатор дека во државата нема демократија. Луѓето кои се наоѓаат во притвор обвинети за настаните за 27-ми април не се терористи. Правдата во државата мора да се врати, а функционерите на владата кои се огрешиле пред законот мора да одговараат, истакнуваат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус