вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 77
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и картелот на власт ја влошија бизнис климата во државата и ги дестимулираа инвеститорите

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и картелот на власт ја влошија бизнис климата во државата и ги дестимулираа инвеститорите

Граѓаните очекуваат конкретни мерки и проекти, а не еуфорични пресконференции. Зоран Заев и картелот на власт ја влошија бизнис климата во државата и ги дестимулираа инвеститорите. Заев ветуваше проект младинска гаранција, со ветување дека ќе го реализира во првите 6 месеци од новата влада, и ќе нуди вработување или дообразување на младите по завршување на нивното образование. Овој проект не го реализира, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев ветуваше 22 милиони евра активни мерки уште првата година од мандатот, Заев излажа. Наместо поволности, граѓаните добија покачени даноци, акциза на дизелот зголемена за 3.5 денари и најава за покачување на данокот на доход. Економијата наместо раст доживува стагнација. Картелот на власт на чело со Заев не исполни ниту едно ветување дадено кон граѓаните и бизнис секторот, стои во реакцијата и се додава:

„Економијата по долго време раст за прв пат се соочи со стагнација. Раст на БДП минатата година немаше. Тоа е показател дека власта не знае да работи, нема план, нема визија за државата. Како што забележа и ЕК во извештајот оваа година државата се соочува со голема стапка на сива економија. Тоа е проблем кој Заев и картелот кој го води не го решаваат, туку го потискаат. Економското цунами Заев – Тевдовски – Анѓушев ја уништија економијата и ја уназадуваат Република Македонија“.

Коронавирус