петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 116
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче расипнички се однесуваат со парите на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче расипнички се однесуваат со парите на граѓаните

Министерот за здравство, Венко Филипче денес бесрамно кажа дека ќе потроши, 300 милиони евра повеќе отколку предвиденото со договорот за изградба на клиничкиот центар на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев и Венко Филипче расипнички се однесуваат со парите на граѓаните. Заев и Филипче мора да одговорат која е потребата да се потрошат 300 милиони евра повеќе од потребното, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта треба  да одговори зошто е потребно граѓаните на Република Македонија да платат оштета за раскинување на веќе готов договор за градба на клинички кој е поефиктивен и побрз. Ова е уште еден доказ дека власта не работи во полза на граѓаните. Наместо неосновано трошење на повеќе од 300 милиони евра власта може со тие пари да изгради уште три клиники низ државата и истите целосно да ги опреми. Филипче најави дека изградбата на клинички ќе се одвивала околу седум години, пет години повеќе отколку планираната изградба на клиничкиот центар според проектот на владата на ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„СДСМ ќе ги остави граѓаните пет години години повеќе без современ клинички центар. Власта нема ниту еден разумен аргумент за трошењето на 420 милиони евра во услови кога истиот може да се изгради за околу 120 милиони евра“.

Коронавирус