среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 102
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Анѓушев ги лажеа работниците и не направија ништо за „Југохром“ и „ОХИС“, но затоа направија за нивните фирми

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Анѓушев ги лажеа работниците и не направија ништо за „Југохром“ и „ОХИС“, но затоа направија за нивните фирми

Зоран Заев и Кочо Анѓушев ја туркаат економијата кон дно. Трета година по ред ништо од ветувањата дека ќе се рестартираат „Југохром“ и „ОХИС“. Стотици работници од овие некогашни гиганти три години се лажени од власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Анѓушев пред изборите во 2016 година ветуваа заживување на економијата и решавање на сите проблеми како во случајот со „ОХИС“. Три години по изборите од 2016, решение не е ниту на повидок. Поранешните работници на овие фабрики живеат мачно, а егзистенцијата на нивните семејства е доведена под знак прашалник, стои во партиското соопштение и се додава:

„Заев и Анѓушев не направија ништо за „Југохром“ и „ОХИС“, но затоа направија за нивните фирми. Заеви влегоа во бизнисот со марихуана, го купија струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, а Анѓушев зема тендери. Додека функционерите на власта се богатат, граѓаните се чудат како да врзат крај со крај“.

Заев, Анѓушев и целата влада мора да си заминат.

Коронавирус