понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 138
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го ослободува Бајруш Сејдиу во надеж дека со страв и закани ќе ги присили граѓаните да ја поддржат неговата капитулација

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го ослободува Бајруш Сејдиу во надеж дека со страв и закани ќе ги присили граѓаните да ја поддржат неговата капитулација

Бајруш Сејдиу на слобода, а пратеници, актери и режисери во притвор. Убијците од Монструм на слобода, а патриоти се гонат за измислени дела. Вака функционира правдата во Македонија денес. Ова не е правда, туку неправда која е политички диригирана. Овој филм веќе сме го гледале од Заев, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението од партијата се наведува дека ссвен што се амнестираше себе си, преку судот успеа да ослободи над 800 криминалци кои требаше да му одработат за локалните избори.

-Сега го ослободува Бајруш Сејдиу во надеж дека со страв и закани ќе ги присили граѓаните да ја поддржат неговата капитулација. СДСМ со еден потпис се откажа од името, јазикот, идентитетот и македонското малцинство во соседството. Со други зборови се откажа од се што е македонско. ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да го прифати капитулантското дело наречено договор за промена на вековното име. Прашањето за името е национално, државно прашање кое не може да го реши политичар кој има црни петна и под уцена прифаќа буквално се без разлика колку е штетно за Македонија. Договорот со Грција е капитулација која е целосно спротивна на националните и државните интереси, а спротивно на тврдењата на СДСМ наместо да го отвара патот кон македонските евроатлански интеграци во иднина на Грција ќе и овозоможи правнна рамка да ја блокира Македонија во исполнување на нејзините стратешки цели, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Заев уште еднаш го покажал својот кукавичлук и побегна од дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како што побегна од граѓаните кога на своја  рака одлучи да спроведе консултативен референдум.

-Иако устата му беше полна со дебата, Заев уште еднаш ги излажа граѓаните и како што избега од соочувањето со граѓаните на референдумот така сега избега и од дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Картел на власт чиј единствен интерес е богатење на грбот на граѓаните преку криминални тендери и грантови сега се служи со удбашки методи  да ги заплашува граѓаните и спроведува политички терор. Граѓаните имаат доволна политичка зрелост да се надмине  ова зло кое и се случува на државата, олицетворено во владата на СДСМ и на крај Македонија ќе победи, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус