недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 27
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е штетник и крадец, а не македонскиот народ кој си ја знае, почитува и негува историјата

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е штетник и крадец, а не македонскиот народ кој си ја знае, почитува и негува историјата

Зоран Заев е срам за Македонија. Зоран Заев е штетник и крадец, а не македонскиот народ кој си ја знае, почитува и негува историјата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да се обвини сопствениот народ дека присвојувал туѓа историја, а со пот и крв се изборил за своја држава и идентитет и покрај сите угнетувања, е одвратен чин на човек одроден од своите сограѓани и предци. Со секој изминат ден Зоран Заев нанесува се поголема штета на сопствениот народ и сопствената држава. Откако стана премиер,  Заев во континуитет го гази достоинството и го навредува македонскиот народ. Само за да се додвори на неговите нови пријатели во Грција, Заев бесрамно ги нарече крадци Република Македонија и македонската нација. Очигледно Заев се води само од лични цели, па затоа веќе две години ги нарушува македонските црвени линии и го продава она што генерации го граделе и го создавале, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Секогаш кога македонските граѓани ќе помислат дека Заев не може подолу тој упорно го пробива дното“.

-Откако го промени името на Република Македонија, ги продаде јазикот идентитетот, културата, традицијата и историјата, тој ги обвини граѓаните дека со години наназад им ја крадат историјата на соседите.  Заев кој е опкружен во криминал мисли дека сите се крадци како него па си зема слобода да ги навредува граѓаните и државата.          Македонските граѓани се чесни луѓе и не се крадци како што ги нарекува Зоран Заев. Единствениот кој краде е токму Заев, кој заедно со неговиот криминален картел направија пустош во државата.  Можеби историјата на Заев не му е најсилна страна но затоа криминалот му е нешто што перфектно го владее. На Заев му е местото заедно со Боки, Кики, Фрики, Рашковски и Дудуш. Целата јавност го виде како бара поткуп, а сега сме сведоци и на најголемата афера „Рекет“ каде Заев е главата на октоподот кој уценувал и земал пари од бизнисмени во Македонија. Зоран Заев заедно со неговата криминална дружина ја испокрадоа државата и им донесоа беда на македонските граѓани. Време е Зоран Заев и СДСМ да си заминат и да се стави крај на агонијата, бедата и понижувањата кои ги нанесуваат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус