петок, 4. декември 2020. Вести денес: 162
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е причината заради која Македонија пропаѓа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е причината заради која Македонија пропаѓа

Со СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија тоне, а корупцијата и криминалот цветаат, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со СДСМ и Заев, Македонија длабоко загази во корупција на 106 место според рангирањето на Транспаренси Интернешнл, во друштво на Монголија и Брегот на Слоновата Коска. Фрапантниот пад од 13 места на индексот на корупција покажува дека за криминално рекетарската влада на Заев и СДСМ не важи ни закон ни Устав. Исклучително поразителна оценка за владеењето на правото и правната држава покажува и реномираното списание „Економист“ кое ја оценува Македонија како хибриден режим. Дополнително на ова според „Економист“, Република Македонија е на 8-мото место во Светот по иселување на млади луѓе од државата, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Македонија е држава во која кршењето на законите, селективната правда, партизирањето на институциите се секојдневие.

-Затоа инвеститорите бегаат а Македонија е земја со најнизок раст на платите за 2019 година, а според Евростат дури 36,9 проценти од домаќинствата имале проблеми со навремено плаќање на режиски сметки во изминатите 12 месеци. Заев наместо живот донесе режим, корупција и криминал. Ова мора да заврши. Граѓаните се мудри и на 12 април ќе донесат мудри одлуки. Заев и СДСМ се виновни за сите криминали, порази, измами. Зоран Заев и СДСМ никогаш веќе!, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус