недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е најсрамното нешто што и се случило на државата, наместо извинување тој продолжува со Заевизам

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е најсрамното нешто што и се случило на државата, наместо извинување тој продолжува со Заевизам

Зоран Заев е најсрамното нешто што и се случило на државата, наместо извинување тој продолжува со Заевизам, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Како што Заев вели дека “никој не ги прашал Бугарите за фашизмот”, никој не ги прашал ниту Македонците за неговите срамни изјави во однос на историските факти кои тој на бугарски медиум ги изобличи. Го повикувам Зоран Заев да објасни како тоа ги придвижува работите во односите со Бугарија кога не штити ниту еден единствен државен и национален интерес, кога распродава се што е свето за нацијата. Заевизмот е појава на безкичменост, пластелин кој се прилагодува и ја уништува сржта на македонскиот народ. Заев е должен да каже дали доби поддршка од некој фактор во државава или пак воопшто внатре во СДСМ за овие негови ставови? Ќе се извини ли за тоа што гази врз коските на илинденците и партизаните, се наведува во реакцијата на партијата.

Коронавирус