сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев дава „пас“ за криминал, а десетици животи секојдневно згаснуваат како последица на лошото справување со епидемијата

ВМРО-ДПМНЕ: Заев дава „пас“ за криминал, а десетици животи секојдневно згаснуваат како последица на лошото справување со епидемијата

Функционерите од доверба на Зоран Заев полнат торби со кеш. Ова е сликата на криминогената власт која безобразно се богати на грбот на народот овие три години, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Очекувано лицитираат со суми од милиони евра кога за тоа имаат „пас“ од главата на октоподот, Зоран Заев. Од ваквите „пасови“, Заев и СДСМ немаат време да се занимаваат со епидемијата. Здравствениот систем на чело со Зоран Заев и СДСМ крахира. Македонија секојдневно брои огромен број на заразени и мртви од Ковид-19 заради неспособноста на СДСМ. Поради Заев и Филипче болниците се преполни и во услови кога во целиот регион падна бројот на заболени од корона. Катастрофалниот начин на менаџирањето на кризата од страна на Филипче и Заев донесе и до здравствен и до економски крах, соппштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека заради неодговорноста на СДСМ во изминатите 24 часа Македонија брои огромни 90 новозаболени од Ковид-19 и деветмина починати. СДСМ намерно го намалува бројот на тестирања за привидно да прикаже помал број на заболени но и во таков случај бројот на заболени пак е огромен.

-СДСМ не направи ништо конструктивно и докажа дека не само што нема капацитет да се справи со кризата туку со своите лоши одлуки и слаба кадарност дополнително предизвика вложување на состојбата.
СДСМ мора да си замине. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Вирусот наречен СДСМ и Зоран Заев ќе биде поразен на претстојните избори. Изборот е помеѓу обновата која ќе ја донесе ВМРО ДПМНЕ и лагите, неспособноста и измамата која ја донесе СДСМ. Македонија не заборава а народот ќе ја направи разликата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус