недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се откаже од намерата за бришење на Уставот и целосно прекрстување на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се откаже од намерата за бришење на Уставот и целосно прекрстување на државата

Нема поголемо лицемерие од тоа кога Заев говори за заштита на македонската историја, традиција и култура. Зоран Заев е првиот политичар кој целосно ги прифати грчките црвени линии и се согласи на бришење на името Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев е првиот политичар кој се откажа од Македонците во соседните држави. Зоран Заев е првиот политичар кој се согласи нашата историја да ја пишуваат мешовити комисии. Доколку е Зоран Заев барем малку искрен кога се колне во своите предци и во своите деца, го повикуваме да се откаже од намерата за бришење на Уставот и целосно прекрстување на државата. Доколку Заев е барем малку заинтересиран за македонската историја, традиција и култура, го повикуваме да не поддржува договори во кои истите се негираат и се бара мешани комисии дополнително да ги утврдат, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Се друго, се додава, е уште една бесрамна лага на човекот кому му се поважни грчките национални интереси.

Коронавирус