вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 3
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев а зине, а излаже, го повикуваме да одговори каде точно СЗО вели дека во август ќе има втор бран од корона?

ВМРО-ДПМНЕ: Заев а зине, а излаже, го повикуваме да одговори каде точно СЗО вели дека во август ќе има втор бран од корона?

Заев се однесува како никој во Македонија да не знае да чита и да не се информира. Ваквото негово однесување е крајно потценувачко кон граѓаните на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Го повикуваме да објави каде точно СЗО најавува нов бран на коронавирусот во август. Граѓаните се веќе навикнати на неговите лаги посебно кога станува збор за негови лични ветувања или објаснувања, но овој пат оди до таму да почнува да лаже што некој друг рекол, а всушност тоа никогаш не си го рекол. Граѓаните се свесни дека на Заев и СДСМ не им е грижа за нивното здравје и уште од првиот момент кога започна кризата Владата води политика наместо грижа за здравјето на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: Ваквото скандалозно однесување на СДСМ кое води кампања среде пандемија на смртносен вирус ќе биде казнето. СДСМ оди во опозиција, а Заев заминува во политичка пензија.

Парламентарни избори 2020