понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заедно со граѓаните ќе го стопираме законот за попис кој беше донесен без консензус

ВМРО-ДПМНЕ: Заедно со граѓаните ќе го стопираме законот за попис кој беше донесен без консензус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ја посети индустриската зона „Ќојлијa” каде што даде изјава во однос на предвидениот попис, како и за аномалиите при донесувањето на истиот.

Мицкоски посочи дека во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани во однос на законот за попис кои беа одбиени, а потоа мнозинството во парламентот го протурка законот без консензус, односно на начин на кој што власта е навикната да донесува закони.

-Иако СДСМ одреден период наназад тензично бара одржување на пописот и сака да го истурка набрзина, сепак сега се соочија со фактот дека тоа не е проста операција и за истата треба доволен период на подготовка, односно обука на попишувачите и се што е потребно за негово реализирање. Незнаењето и брзоплетоста се префрли во рацете на Пендаровски, кој што почна да ја префрла топката на страна на ВМРО-ДПМНЕ и бара одложување на пописот за месец мај или месец јуни, но тоа не го менува првичниот став на ВМРО-ДПМНЕ дека во овој момент пописот нема да вроди со плод, освен оној негативен во однос на здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ отпочна постапка за собирање на потписи, преку кои ќе се стопира законот за попис кој го донесе мнозинството во парламентот, а подоцна ќе следи измена на законот со забелешките од страна на ВМРО-ДПМНЕ, односно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ очекува поддршка од граѓаните на Република Македонија во однос на потписите кои ќе се собираат за спречување и стопирање на ваков закон за попис, за потоа да се отпочне една сосема нова постапка за ревидирање на законот и креирање закон прифатлив за сите политички партии, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на партијата.

ЕУРО 2020

Македонија