понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 111
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Задоцнетите и несоодветни мерки на Филипче и Заев се причина за 1275 заразени во само еден ден

ВМРО-ДПМНЕ: Задоцнетите и несоодветни мерки на Филипче и Заев се причина за 1275 заразени во само еден ден

Секој ден нови тажни рекорди. Во последното деноноќие од направени 3331 тест, позитивни се 1275. Бројката на починати се движи кон 1.100, а има речиси 13 илјади активни случаи, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со вакви бројки Македонија е на врвот на листата на заболени во регионот и пошироко.

Ова е резулат на задоцнети и несоодветни мерки преземени од министерот Филипче и владата предворена од Зоран Заев.

Болничките капацитети се веќе полни, медицинскиот кадар исцрпен, а бројките на новозаболени од ден на ден се поголеми.

Со вакво темпо следи уште полош период.

Дополнително, доцни и вакцинирањето за сезониски грип, кое вообичаено започнува средина на октомври, а годинава и покрај вака лошата ситуација поради КОВИД-19, е најавено за средина на ноември“, порачуваат од Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Коронавирус