недела, 25. август 2019. Вести денес: 17
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈО предложен од Владата: Заев ги кажа неговите желби кои не се ништо ново

ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈО предложен од Владата: Заев ги кажа неговите желби кои не се ништо ново

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека чекаат Зоран Заев и официјално да го достави предлог законот по што партиските комисии ќе го анализираат и партијата ќе излезе со став.

-Во меѓувреме продолжуваме да работиме и на нашиот предлог. Освен дека е изготвен предлог закон на прес конференцијата на Зоран Заев слушнавме и негови желби кои не се ништо ново. Најголем кошмар му останува ВМРО-ДПМНЕ, а главна цел да ја скрши и забрани партијата која му е единствена пречка во неговата намера неказнето да ги ограбува граѓаните и државата, велат од партијата.