среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ побитен беше меѓукоалицискиот договор, отколку граѓаните и иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ побитен беше меѓукоалицискиот договор, отколку граѓаните и иднината на државата

СДСМ и владејачкото мнозинство го погазија правото и ја деградираа правната држава. Власта нелегално го прогласи законот за двојазичност за изгласан, оневозможувајќи ја со закон загарантираната амандманска расправа. Власта не ги зеде во предвид укажувањата на претседателот на државата, стручната јавност, граѓаните и останатите политички чинители и изгласа неуставен, неприменлив и штетен закон, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владејачкото мнозинство ја силуваше демократијата и не ги послуша апелите на граѓаните. За СДСМ побитен беше меѓукоалицискиот договор, отколку граѓаните и иднината на државата. ВМРО-ДПМНЕ не го признава овој закон и ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери. СДСМ се однесува игнорантски и се става над законите. Власта ги злоупотребува државните институции за одржување на коалицијата на стаклени нозе. Злоупотреба на институциите е и политичкиот прогон врз десетина патриоти кои се дел од монтиран судски случај, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„СДСМ мисли дека со ставањето во притвор на македонски патриоти и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да ги замолчи граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ пред штетните политики кои ги спроведуваат и кои се на план да ги спроведат. СДСМ и сите нивни извршители во политички креираните случаи треба да знаат дека власта која моментално ја уживаат нема да трае вечно. Секој еден кој се огрешил пред законот и ги злоупотребил институциите ќе сноси одговорност за своите нелегални дејствија“.

ВМРО-ДПМНЕ, подвлекуваат од партијата, останува на бедемот на државните интереси. -Неправдата и катастрофалните политики на СДСМ ќе бидат поразени.

Коронавирус