четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: За рекордно високата смртност од корона не е крив народот, туку Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: За рекордно високата смртност од корона не е крив народот, туку Филипче

Додека Венко Филипче тера политика и го брани премиерот во заминување Зоран Заев, секој ден на еден час умираат речиси две лица, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата нагласуваат дека Филипче грижејќи се за премиерот во заминување Заев и неговите погубни политики, заборави дека негова основна грижа е здравјето на народот.

-По број на починати на милон жители Македонија е високо на ранг листата или петто место во Европа.
Повторно според статистиките на министерството за здравство десетина починати, или во последното деноноќие 32 лица починати, или вкупно 1.731 лице. Нема никакви оправдувања што може да се кажат за бројот на починати лица, за семејства кои се оставени без своите блиски, мајки, татковци, браќа, сестри. Додека во другите европски држави процентот на тестирани достигнува 60 проценти од населението, во Македонија само 15 проценти од населението е тестирано. Тука поради неспособноста на Филипче, Македонија е на дно на европската листа. Филипче е одговорен за нефункционалноста на системот поради што граѓаните не можат да добијат термин за тест, не можат да дојдат до болнички кревет, не можат да дојдат до кислород, нема соодветна терапија. Во целата оваа криза заборавени се медицинските лица кои се на првата борбена линија. Додека нема доволно медицински лица во здравствените установи, дел од нив Филипче ги остава ни помалку, ни повеќе на Бирото за вработување! Ги остава без работа!, се наведува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДШМНЕ нагласуваат дека наместо ПР кампања по социјални мрежи, снимање видеа, Филипче треба да се грижи за здравјето на граѓаните од чии пари зема плата. Сите овие несоодветни политики на Филипче имаат висока цена, се плаќаат со човечки животи. Токму затоа Филипче оставка веднаш!

Најнови вести

Коронавирус