среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 192
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: За граѓаните кои ја плаќаат цената на корумпираната и криминална власт е исклучително важно каде завршила торбата Луј Витон

ВМРО-ДПМНЕ: За граѓаните кои ја плаќаат цената на корумпираната и криминална власт е исклучително важно каде завршила торбата Луј Витон

Ако за Русковска не е важно каде завршила торбата Луј Витон, за граѓаните на Македонија е многу важно. Ако за Русковска не е важно кој е на снимката што ја презема торбата Луј Витон од домот на Боки 13, за сите обични луѓе кои ја плаќаат цената на корумпираната и криминална власт е исклучително важно, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека срамно и крајно несериозно е Русковска да покренува обвинение без да ги заврши сите вештачења и истражни дејствија.

-Тоа покажува дека главна цел на обвинителството во целиот случај е да се прикријат трагите кои водат кон главата на октоподот Зоран Заев. Затоа и целиот случај се развлекува. Затоа шест месеци откако е пријавен случајот главен фокус на истрагата се Зоки Кичеец, Боки 13 и Катица Јанева, а нарачателите и луѓето кај кои завршиле парите остануваат далеку  од рацете на правдата. Граѓаните мора да дознаат кои политичари ја злоупотребиле својата функција за рекетирање на фирми и бизнисмени. Додека граѓаните ги плаќаат политичарите да работат за државата, тие рекетирале милиони од бизнисмени и фирми, се наведува во партиското соопштение.

Доколку Русковска сепак ја развлекува постапката и не ги изнесе деталите пред јавноста, таа како и сите инволвирани во милионскиот рекет ќе се соочат со лицето на правдата по враќањето на правната држава во Македонија по 12 април, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус