сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: За година и половина владата на Заев успеа да ја врати Македонија назад во мрачните времиња на транзицијата

ВМРО-ДПМНЕ: За година и половина владата на Заев успеа да ја врати Македонија назад во мрачните времиња на транзицијата

Владата на Заев и СДСМ направија економски пустош во државата. За година и половина владата на Заев успеа да ја врати Македонија назад во мрачните времиња на транзицијата. Пропаднатите бизниси и компании кои заминуваат во стечај повторно се сликата за Македонија исто како во 90-тите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека СДСМ се врати на власт за да ја доврши криминалната транзиција и целосно да ја девастира македонската економија.

-Градежништвото, кое е мотор на економијата и влече со себе околу 20 други гранки, е во слободен пад. Минатата година градежништвото во Македонија забележа катастрофален пад, а градежништвото пак годинава споредбено со август минатата година е во минус за огромни 30 проценти. Странските директни инвестиции во јули годинава се во едноцифрен број на милиони евра. Сите макроекономски показатели укажуваат на фактот дека црното економско трио составено од Заев, Тевдовски и Анѓушев во изминатите година и половина направија финансиски пустош во државата. Криминалниот картел на власта спроведува општ грабеж во државата. Додека владата на СДСМ ги задолжува граѓаните за милионски суми, парите наместо за проекти и капитални инвестиции, преку криминални тендери и грантови легнуваат на приватните сметки на високи партиски и државни функционери на СДСМ, соопштуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека СДСМ се обиде и насила да им го одземе достоинството на граѓаните, односно идентитетот, името и јазикот, преку капитулантскиот договор од Преспа.

-Се обиде преку распродажба на државните и националните интереси да го продолжи животниот век на политичката кариера на Зоран Заев. Граѓаните гласно и кажаа доста, на власта на СДСМ. Огромното мнозинство од 1.2 милиони граѓани на Македонија преку апстиненција се одлучија да каже НЕ на капитулантскиот договор со Грција, НЕ на криминалот на власта, корумпираното судство и криминалниот картел на власта. Покрај притисоците, заканите и уцените граѓаните јасно и гласно кажаа дека на крајот Македонија ќе победи, се наведува во партиското соопштение.

Коронавирус