четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 95
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: За една недела имаме 2000 заболени, бројка над која Филипче тврдеше дека нема да оди бројот на заболени

ВМРО-ДПМНЕ: За една недела имаме 2000 заболени, бројка над која Филипче тврдеше дека нема да оди бројот на заболени

Кога ќе помислиш дека дното е пробиено, СДСМ те демантира. Од ден во ден имаме се повеќе заразени од коронавирус, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Бројката од 386 луѓе во текот на вчерашниот ден е најголемиот број на заразени луѓе во еден ден во Македонија.

За само една недела од 02.10.2020 до 09.10.2020 година имаме над 2000 заразени.

За само една недела имаме заразени колку што Филипче тврдеше дека ќе имаме во текот на целата пандемија.

Бројот на заразени во изминатава недела е доказ дека Филипче нема ниту капацитет, ниту стратегија за да се справи со ова зло. Наместо реална борба со коронавирусот ние од Заев и Филипче имаме само евтин ПР, за секојдневни ситни политички поени.

Буквално секој ден е нов пик. Македонија се уште не е излезена од првиот бран на коронавирус, кој никогаш не ни завршил. А ни претстои уште поголем есенски бран.

Во последните неколку дена имаме галопирачки раст на бројките, а се што прави Заев е уставно кршење на приватноста на граѓаните.

Наместо безидејност, граѓаните бараат одговорност, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус