сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 110
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

Во живо

Мицкоски ќе ја претстави програмата на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните на Кисела Вода

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: За 4 дена има 99 заразени и 9 починати, а Филипче под диктат на Заев ја лаже јавноста дека првата битка со вирусот е добиена

ВМРО-ДПМНЕ: За 4 дена има 99 заразени и 9 починати, а Филипче под диктат на Заев ја лаже јавноста дека првата битка со вирусот е добиена

Зоран Заев го мрази сопствениот народ штом го втурнува по секоја цена во црни избори на кои наместо гласачи би се броеле жртви и заразени со коронавирусот. Додека Заев и СДСМ лажат дека ситуацијата со коронавирусот се смирува, реалност е дека таа е полоша од март кога беше прогласена вонредна состојба, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Само во изминатите четири дена во Македонија има 99 заразени и 9 починати од коронавирусот, што укажува дека ситуацијата е алармантна.  Да биде целата ситуација позагрижувачка ваквите страшни бројки ги имаме во период кога власта драстично го намали бројот на тестирања, наместо да го зголемува и да има реална слика за состојбата со коронавирусот. Дополнително на тоа Македонија во регионот најлошо се справува со корона кризата. Македонија е рекордер по смртност на милион жители во регионот, на врвот по број на заразени на милион и земја со најмалку тестирања. Но и покрај ваквите загрижувачки бројки, Филипче под диктат на Заев ја лаже јавноста дека првата битка со вирусот е добиена, се со цел да се оди на избори за да се спаси кариерата на Заев по цена на изгубени човечки животи, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат: И кога земји од регионот како Словенија и Хрватска масовно тестираат за да ја знаат реалната состојба, во Македонија по наредба на Заев се намалија тестирањата за да се кријат вистинските бројки за да може да оди на избори на кои ќе ублажи пораз и ќе се обиде политички да преживее.

-Во Хрватска во изминативе два дена има само 4 нови случаи, а од 14 мај до денес има вкупно 7 случаи и воопшто немаше вонредна состојба. Во просек има помалку од два случаи дневно. Македонија за два дена има 47 случаи, а во изминативе седум дена има 165 нови случаи. Одговорна и сериозна власт секогаш би ги ставала граѓаните на прво место, но не и СДСМ. За нив  на прво место се криминалите на нивниот лидер Зоран Заев и врхушката околу него.  За нив приоритети се изборниот поткуп, концесиите со марихуана, партиските вработувања, црните тендери, како и да се гостат на државна сметка со шампањ и морски плодови, додека граѓаните и државата ги втурнуваат црно сценарио. Заев и СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи нивните штетните политики кога и да се одржат изборите, но интересот на граѓаните и на државата ни се пред се. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, порачуваат од партијата.

Најнови вести

Парламентарни избори 2020