четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Време е СДСМ да се откаже од фалсификат попис, електронскиот попис е излезна варијанта од полза на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Време е СДСМ да се откаже од фалсификат попис, електронскиот попис е излезна варијанта од полза на Македонија

Македонија 40 години немала реален попис, кој може да помогне на државата во планирањето на идните чекори, Заев е на пат да спроведе уште еден политички попис, кој ќе биде само за задоволување на коалициони апетити и ништо друго, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Време е СДСМ да се откаже од насилно туркање кон попис кој ќе значи фалсификат и лажење како на институциите, така и на граѓаните. Никој нема полза од фингиран попис и Заев и СДСМ мора да го сфатат тоа. Електронскиот попис е единствено решение, кое е брзо и ефикасно и кое ќе понуди цврсти информации кои и се потребни на државата. Електронскиот попис ќе се спроведе со мечирање на базите на податоци на повеќе државни институции, по што ќе се добие јасна слика на бројот на државјани, резиденти, нерезиденти, вработени, невработени, нивото на образование и слика за секој еден податок од значење, велат од партијата.

„Со мечирање и филтрирање ќе се спроведе операција каква што и треба на Македонија.

Доколку Заев сака навистина европски попис ова е шансата, во спротивно ќе покаже дека само сака да си ја зачува фотелјата преку коалициони пазарења“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЕУРО 2020

Македонија