петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Во викенд кога умреа 78 лица од Ковид, Филипче и Заев се возеа со мотори во Крушево, Охрид, по течението на Радика…

ВМРО-ДПМНЕ: Во викенд кога умреа 78 лица од Ковид, Филипче и Заев се возеа со мотори во Крушево, Охрид, по течението на Радика…

Додека граѓаните умираат и се заразуваат, Зоран Заев и Венко Филипче си тераат прошетки со мотори, обвинуваатод ВМРО-ДПМНЕ.

-Во овој викенд кога 78 фамилии ги изгубија своите најблиски, овие двајца кои се најодговорни за катастрофата цело време шетаа на релации од Скопје, преку Крушево, по течението на Радика, Охрид и каде ли уште не. Овој месец изгубени се над 400 животи во Македонија затоа што Филипче и Заев не набавија навремено и доволно вакцини за имунизација на граѓаните.Над 10.000 има нови заболени затоа што наместо епидемиолошката слика на Филипче и Заев им беа битни партиски избори, ивенти и попис, вела од партијата.

И сега како сосем одлепени од реалноста Филипче и Заев без око да им трепне се развозуваат со мотори низ Македонија во еден од најцрните викенди во КОВИД епидемијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека ова е срамно и бедно.

Но тие очигледно се оперирани од срам и одговорност, бидејќи дозволија Македонија да биде на врвот по смртност и на дното по вакцинација во светот

Коронавирус