понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Во Тетово вчера на мафијашки начин се случи вооружена пресметка среде град во најпрометната улица, Спасовски мора да поднесе одговорност

ВМРО-ДПМНЕ: Во Тетово вчера на мафијашки начин се случи вооружена пресметка среде град во најпрометната улица, Спасовски мора да поднесе одговорност

Животот и безбедноста на граѓаните се сериозно загрозени од криминогени структури кои се чувствуваат слободни и охрабрени да тероризираат цел град. Граѓаните со право се вознемирени и загрижени за своите животи. Вчера, повторно во Тетово се случи вооружена пресметка среде град во најпрометната улица, кога огромен број млади граѓани се движеа на таа локација. Буквално на мафијашки начин се пукало од автомобили во движење, неколку куршуми завршиле во угостителски објекти, при што неофицијално биле ранети неколку лица, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова очигледно покажува дека оваа власт предводена од СДСМ не може да го сочува мирот, животот и имотите на граѓаните. Тие ослободија 800-тина криминалци во затворите и сега на улиците царува анархија, насилство и терор. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е директно одговорен за ваквите состојби. Поради неговата неспособност и некомпетентност животот на граѓаните стана премногу евтин. Ова случување во Тетово е само дел од низата убиства, почнувајќи од Мартин Јанушев, преку убиството на Идризи на автобуска во Чаир, убиството во Мала Речица, убиството на Саздовски, двојното убиството на Рузвелтова, па се до секојдневното палење на автомобили. Прашуваме, уште колку луѓе треба да настрадаат додека Оливер Спасовски не си поднесе оставка? Бараме Оливер Спасовски да си понесе одговорност, а институциите што поскоро да го расветлат случајот и инволвираните во синоќешниот настан да бидат откриени и изведени пред лицето на правдата, потенцираат од партијата.

Коронавирус