петок, 23. јули 2021. Вести денес: 154
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ во својата програма и објави војна на криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ во својата програма и објави војна на криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ во Проектот обнова на Македонија објавува војна против корупцијата и криминалот и еднаквост пред законите.

Во програмата која ќе ја презентира денес претседателот на партијата се објавува војна против корупцијата и криминалот преку сет на мерки и проекти.
Македонија е заробена држава со хибриден правен и политички режим. Државата е правно несигурна, внатрешно разјадена од системски вкоренетата корупција и криминал. Политичките институции и државните органи се во заложништво на власта, стои во програмата.

Во продолжение дел од проектите и целите:

Стоп за корупцијата и непотизмот во правосудството

Нов начин на избор и напредување во кариерата на судиите

Ќе формира експертска група со задача да ги посочи сите евидентирани слабости, проблематични, неконзистентни и неприменливи одредби во Уставот на

Македонија и да подготви нови, модерни предлог-уставни решенија во согласност со европските вредности и стандарди. Експертската група својата работа ќе ја темели на две константи: зачувување на унитарниот карактер на Македонија и уредување на меѓуетничките односи според принципот на единствена македонска нација (по примерот на Франција, Шпанија, САД, Грција и слично).

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе изработи нова стратегија и акциски план за засилување на сите капацитети во правосудството, со посебен фокус на заштитата од корупцијата

Ќе воведеме нови критериуми за избор на судиите, нови критериуми за избор на претседателите на судовите, ќе ги подигнеме критериумите за унапредување на судиите, за евалуација на нивната работа, како и критериумите за утврдување одговорност на судиите и на претседателите на судовите врз построги законски основи. Ќе биде предвидена и зголемена улога на судиите при кандидирањето и изборот на судиите за конкретни судиски функции.

Нова прекршочна политика – превенција па казна

Прекршочната политика ќе се води по системот превенција па казна. Ќе се утврди нов модел на работење на трудовата и на пазарната инспекција врз основа на системот усно укажување на евидентираните неправилности во работењето на правното лице, период за нивно отстранување, па дури потоа казна. Казната ќе следи само во случај кога неправилноста не е исправена во конкретен рок и ако истата и натаму се повторува од страна на правното лице.

Закон за потекло на имотот

ВМРО ДПМНЕ смета дека со донесување на закон за потекло на имотот, со кој ќе се прецизираат формите на легално стекнување на имотот, негово пријавување кај надлежните органи од страна на правните и физичките лица, како и назначување на контролни институции кои ќе го регулираат спроведувањето на овој Закон ќе допринесе во јакнеењето на антикорупциските мерки за отчетност.

Објавување на извештаи и акциски планови за коригирање на наодите

Ослободување на фирмите од стегите на разните инспекции преку намалување на бројните регулативи и коректен однос на инспекциските тела

Нулта толеранција на корупција

Системско поврзување на Државниот завод за ревизија со Јавното обвинителство

Коронавирус