недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ во среда на протест против црнилата кои СДСМ ги наметнува

ВМРО-ДПМНЕ во среда на протест против црнилата кои СДСМ ги наметнува

ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица во среда на 28 ноември, на протест против, како што велат, црнилата кои СДСМ ги наметнува.

Протестираме затоа што:
1. Сме против економските црнила, против сиромаштијата, зголемените даноци и беспарицата кои му тежат на секој еден граѓанин, против економијата која стагнира и која губи здив.
2. Сме против политичките црнила, против неправдата и несигурноста, против црното политичко мочуриште каде прогонот станува закон, а законот мета за поткусурување.
3. Сме против општествените црнила, против загрозеното здравје на граѓаните и нефункционалниот здравствен систем и тивкиот убиец загадувањето кое наместо да се намалува, се мултиплицира.
#МакедонијоНапред, велат од ВМРО-ДПМНЕ и ги повикуваат граѓаните во среда на 28 ноември масовно да им се приклучат.

Протестот ќе започне во 17 часот со место на тргнување од Плоштад ВМРО и ќе заврши пред владата на Република Македонија.

Коронавирус