понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 90
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ ништо ново, синчето на градоначалникот од транзицијата, Ковачевски ќе биде наследник и пиун на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ ништо ново, синчето на градоначалникот од транзицијата, Ковачевски ќе биде наследник и пиун на Заев

Во СДСМ ништо ново, синчето на градоначалникот од транзицијата ќе биде наследник и пиун на Заев, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Димитар Ковачевски е копија на Заев, син на транзициски функционер – градоначалник на Куманово. Ковачевски е заменик министер за финансии кога јавниот долг отиде на 7 милијарди евра. На Ковачевски во финансии му се случи и досега најголема инфлација и економска криза како што не се памети од транзицијата, кога неговиот татко беше функционер. Димитар Ковачевски е пиунот на Заев, и не е никаков нов кадар. Тоа е човекот кој треба да продолжи со погубните и криминални политики на СДСМ и да обезбеди заштита за семејството Заеви. Ковачевски треба да затвори очи пред рекетот на Вице, плантажите со марихуана на Трајче и криминалите на Зоран. Ковачевски е решението за лидер на СДСМ уште пред да се одржи конгресот кој треба да биде фарса на која ќе се одглуми некаков избор, истакнаа од опозициската партија.

Ковачевски е машата на Заев која треба да продолжи со Заевизмот. Сите нив народот ќе ги порази на предвремените парламентарни избори, додаваат од таму.

Коронавирус