понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 145
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Во отсуство на негови проекти и визија, Златко Марин се фали со проекти кои се изготвени од претходнотно раководство

ВМРО-ДПМНЕ: Во отсуство на негови проекти и визија, Златко Марин се фали со проекти кои се изготвени од претходнотно раководство

Сегашниот градоначалник на општина Аеродром има елементарно непознавање од тоа што е направено за општина Аеродром во времето кога со општината раководеше ВМРО-ДПМНЕ и Ивица Коневски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од аспект на животната средина изградени се 10 нови паркови на територијата на општина Аеродром каде се заседени десетици и десетици дрва. Исто така е изградена и канализација во должина од 40 километри во руралниот дел на општината и на тој начин е решен деценискиот проблем со септичките јами кои беа најголемиот загадувач на почвата. Да го потсетиме Златко Марин дека ова се инвестиции кои се бројат во милиони. Најголемата штета за општина Аеродром ја направи токму Златко Марин и СДСМ. Раскинувањето на договорот за изградба на тениски центар кој требаше да чини 10 милиони евра и скрати 100 работни места за Аеродромци директно и наштети на угледот на општината, стои во реакцијата и се додава:

„Во отсуство на негови проекти и визија во образованието Златко Марин се фали со проекти кои се изготвени од претходнотно раководство. СДСМ не го реши проблемот со загадувањето. Општина Аеродром секој ден руши рекорди на ниво на загаденост на целата територија на Република Македонија. СДСМ и Златко Марин уште еднаш ги излажаа жителите на Аеродром дека веднаш и неодложно ќе го реши овој проблем“.

Исто така, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, како потврда за домаќинското работење на општината оставени му се 4 милиони евра во касата на општината за да нема никакви проблеми во врска со спроведувањето на проектите, општина која е финансиски стабилна и без долгови, но за жал и тоа не го прави градоначалникот Марин.

-Наместо да се занимава со популизам да се фати со работа и да почне да ги исполнува ветувањата што им ги даде на жителите на општина Аеродром.

Најнови вести

Коронавирус