петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија вистинска економија нема откако Заев е на власт

ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија вистинска економија нема откако Заев е на власт

Во Македонија вистинска економија нема откако Заев е на власт Со Зоран Заев и СДСМ македонската економија доживеа крах, и се подлабоко државата влегува во рецесија. Како никогаш до сега Македонија е се посиромашна земја, над 50-тина илјади граѓани за неколку месеци останаа без работа. Над 500.000 граѓани го преживуваат денот со едвај 130 денари, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Се повеќе компании се затвораат поради неспособноста на СДСМ. Македонија е на чекор пред повторување на историјата и сцените од мрачната транзиција. Околу 50-тина проценти од компаниите забележале пад на приходот од над 80 проценти. Владата наместо сериозно да го помогне стопанството ја остави економијата да тоне. А, во време на криза Заев издаде еврообврзница од 700 милиони евра, за која треба да плати камати од 80 милиони, и на домашниот пазар се задолжи за 70 милиони, вкупно 850 милиони, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека за неполна година од пандемијата,  Заев ја задолжи државата за над една милијарда и 150 милиони евра нов долг.

– СДСМ и Заев го задолжија секое едно четиричлено семејство за една година со нов долг од 2.400 евра плус камати. Граѓаните имаат се помалку пари и поголема несигурност да ги трошат, а Владата никако да ја стабилизира економијата. Граѓаните не заслужуваат вакви економски погубни политики, туку заслужуваат добар и квалитетен живот, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Локални избори 2021