четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 33
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Во која друга земја во светот мртовци и пациенти се лечат во иста просторија, Филипче и Заев се главните кривци што се губат животи

ВМРО-ДПМНЕ: Во која друга земја во светот мртовци и пациенти се лечат во иста просторија, Филипче и Заев се главните кривци што се губат животи

Во која друга земја во светот во една иста просторија има мртовци и пациенти кои се лечат. Тоа за жал се случува во битолската болница во Македонија. Тоа е последица на распаднатиот здравствен систем кој сто е продолжение на случаите каде во двор на болница се земаше инфузија, пациент во Штип почина поради недостаток на кислород, пациентка од Струга почина во дворот на охридската болница, само затоа што не ја пуштија да се лечи, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека вистината е дека Филипче ја лаже јавноста дека болниците се отворени за сите пациенти.

-Во болницата 8 септември не примаат пациенти над 70 години. Овие луѓе се оставени да умрат во немилост од државата. Вистината е дека Филипце ја лаже јавноста кога вели дека ја има ситуацијата под контрола кога нема ништо под контрола. Заради неспособноста на Филипче со денови се чека за тестирање, а уште толку за да се добијат резултатите. Дополнително луѓето се позајмуваат за да можат да се тестираат, а додека чекаат резултати остануваат и без работа. Сведоштвата кои ги слушаме од луѓето секојдневно, а кои и неретко ги пишуваат и на социјалните мрежи се траорни. Филипче не успеа да се справи со коронакризата. На секаде ни се случува хаос, а Македонија е рекордер по бројот на умрени на милион жители, ни умираат луѓе буквално на секој саат од КОВИД 19. Филипче и Заев се главните кривци што се губат животи, се наведува во партиското соопштение.

Коронавирус